Политика за приватност на Комерцијална банка АД Скопје


Грижата за клиентите и за нивната приватност претставува приоритет во Комерцијална банка АД Скопје.

Оваа политика ги објаснува видовите податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на веб-страната на Банката, како и на кој начин се користат тие податоци и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци.

Податоци кои ги обработува Банката при посета на веб-страната:
Како Банката ги користи собраните податоци

Банката може да ги користи податоците кои ги собира заради повеќе причини, и тоа:
Дополнително собраните податоци се користат за:
Основи за обработка на личните податоци
Рок на чување на собраните податоци

Периодот на чување на личните податоци зависи од основот и целта на обработката на одделна категорија лични податоци.
Личните податоци се чуваат согласно пропишаните рокови, во согласност со целта поради која биле прибрани или обработувани. По исполнувањето на целта за прибирање и обработка на личните податоци, а доколку не постои друг правен основ или ако тоа е потребно за остварување, спроведување или одбрана на правните барања, податоците се бришат, уништуваат, блокираат или соодветно се анонимизираат.

Начин на обработка на личните податоци

При обработката на личните податоци од збирките на податоци на Банката се применуваат општите принципи за заштита на приватноста на секој субјект и на неговите лични податоци. Банката личните податоци ги прибира и обработува правично и во согласност со закон, за конкретни и јасни цели во согласност со закон и на начин и обем во согласност со целите.
Личните податоци треба да бидат точни, целосни и ажурирани, при обработката за што е потребно и Ваше навремено пријавување и ажурирање при евентуална промена на Вашите лични податоци во Банката.

Споделување на податоци

Банката не ги открива Вашите лични податоци на трети страни освен:
Меѓународни трансфери на Вашите податоци

Во согласност со важечките прописи, а врз основа на Ваш налог/согласност при користење на производите и услугите на Банката, Вашите податоци може да бидат пренесени во други земји. (на пр., при вршење платен промет кон странство).

Рекламни комуникации

При склучување деловен однос со Банката за користење на производите и услугите, Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и други комуникации преку пошта, e-mail пораки, вибер, телефон и/или текстуални пораки (SMS) од Банката. При испраќањето на вибер пораки, Банката користи платформи хостирани во Швајцарија. Рекламните комуникации може да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги од Банката, поволности за добивање на некој производ или услуга и сл.
Добивањето на рекламен материјал и известувања од Банката може да го откажете во секое време, со поднесување писмена Изјава на шалтерите на Банката.

Ве молиме имајте предвид дека повремено може да Ви испраќаме важни информации во врска со производите и услугите на Банката кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.

Што правиме ние за да ги заштитиме Вашите податоци

Банката применува соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на Вашите лични податоци од нивна неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување.

Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Што треба да направите за да ги заштитите Вашите податоци

Како општа најдобра практика на Интернет, Ви препорачуваме:
Пристап до Вашите податоци и Вашите права

Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Банката, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете се на шалтерите на Банката.
Доколку сакате да направите измена, дополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите на шалтерите на Банката или тоа да го направите преку Интернет банката ако сте корисник на истата.
Ако сметате дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, може да се обратите преку шалтерите на Банката до Офицерот за заштита на личните податоци во Банката.
Подетално, како Банката постапува со Вашите лични податоци може да прочитате и во Информациите за обработка на личните податоци.

„Cookies“ и „web bugs“

Банката користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашата веб-страна и e-mail комуникации, познати како „cookies“ (колачиња) и „web bugs“. На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници кликнале на важни елементи (како линкови или графика) од веб-страната или e-mail пораките на Бaнката и го препознаваат прелистувачот следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб-страна. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на порталот на Банката и страната на Интернет банката. Повеќе информации во Политиката за колачиња.

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб-страна, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Политиката за приватност на Комерцијална банка АД Скопје.
Ако не се согласувате со истата, Ве молиме не ја користете нашата веб-страна.

Контактирајте нè

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Комерцијална банка АД Скопје при користењето на нашата веб-страна, Ве молиме контактирајте нè на:

Комерцијална банка АД Скопје
ул. Орце Николов бр.3
dataprotection_info@kb.mk